Ученичките и студентски домови ќе може да се користат како сместувачки капацитети во борба во корона вирусот

by fokus

Владата на денешната седница донесе Уредбата со законска сила, за примена на Законот за ученичкиот стандард за време на вонредна состојба, Уредбата со законска сила за примена на законот за студентскиот стандард за време на вонредна состојба, Програмата за изменување на програмата за остварување и развој на дејноста во ученичкиот стандард за 2020 година, и Програма за изменување на програмата за остварување и развој на дејноста во студентскиот стандард за 2020 година.

Имајќи ја предвид прогласената вонредна состојба во државата, со овие уредби со законска сила ќе се овозможи ученичките и студентските домови да се користат како сместувачки капацитети за превенција од ширење на коронавирусот (COVID 19).

Поврзани новости