Донесена одлука, една од скопските улици ќе го носи името Никола Младенов

by Fokus

Познатите улици во Скопје чии имиња беа сменети во времето на ВМРО-ДПМНЕ пак ќе се викаат по старо.  На вечерашната седница на Советот на Град Скопје е усвоена листата на регистарот на имиња на скопските улици, со што се враќаат старите имиња како Мексичка, Ленинова, Железничка…

На листата со 571 имиња, според кои би се именувале улици, но и плоштади, паркови, мостови, се најде и името на новинарот и основач на неделникот Фокус, покојниот Никола Младенов.

Според нашите информации, на вечерашната седница е донесена одлука една од скопските улици да го носи и името на Младенов, но сепак се уште не е определено која ќе биде.

Ваквите информации за „Фокус“ ги потврди и скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

И.М.

Поврзани новости