Дончев за Фокус: Не е прв пат да се води истрага против мене, приходот од консултантски услуги е законски!

by Фокус

Моите примања од компанијата „Ремаркет“, врз основа на консултантски услуги што сум ги дал за австралиската „Мегантик“, се најуредно пријавени во Управата за јавни приходи и за нив е платен соодветниот данок, вели поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев за неделникот Фокус, кој објави дека Управата за финансиско разузнавање, по барање на Обвинителството за организиран криминал, утврдила дека Дончев во 2018 година добил 3 милиони денари или околу 50.000 евра од македонската компанија регистрирана за интернет-портали со седиште во Муртино „Ремаркет“, чии приливи пак доаѓале исклучиво од австралиската „Мегантик“.

-Воопшто немам страв или недоумица од ваква или која било друга истрага. Во претходните 20 години, не е прв пат да се води истрага од државните органи против мене. Притоа, без разлика кој бил на власт и кој ја водел таа истрага, било констатирано дека се сум работел според законот. Нема никаква поврзаност помеѓу истрагата околу „Диамед“ и моите приходи остварени од компанијата „Мегантик“. Категорично отфрлувам било каква категоризација дека со овие примања станува збор за перење на пари. Досега ниту бев информиран дека се води ваква истрага ниту сум бил повикан да давам било каков изказ за оваа прашање – вели Дончев.

Од австралиската компанија, пак, велат дека Дончев го ангажирале за услуги од типот на анализа на маркет-потенцијал, операционална процедура и подобрување на бизнис-процеси и интергирани смектоводствени системи во периодот од 2013 до 2018 година. Но, посочуваат од таму, во 2018 година одлучиле да му исплатат средства преку македонската компанија од причина што тој бил релоциран во земјава.

„Фирмата (во Македонија) е основана 2012 година со 4 луѓе и имаме моментално 53 вработени. Компаниската основна дејност беше ставена како интернет-портали, бидејќи беше најблиското нешто до SEO (Search Engine Optimization), за што немаше отворено ставка при отварањето на фирмата, а претпоставувам нема и сега. Клиентелскиот маркет е во Австралија, додека дел од работната рака се остварува преку ангажирање во Македонија. Средствата што се праќаат во „Ремаркет“ се користат главно за операциони трошоци – плата, кирија…“, ни одговорија од „Магантик“.

Меѓутоа, Дончев додека вршел јавната функција не смеел да остварува приход врз основа на конултански услуги, поради што Комисијата за спречување на корупција и судир на интереси, по наше известување, најави дека ќе отвори постапка. Имено, законот за антикорупција пропишува дека службено лице може да остварува приходи само од „научни, наставни, културни, уметнички и спортски активности и приходи од авторски, патентни и слични права, интелектуална и индустриска сопственост“. Целата сторија прочитајте ја во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

В.С.

Поврзани новости