457
Компанијата „Зегин“ со донација му помогна на 13-членото семејство од беровското село Русиново, кое остана без покрив над глава, откако неодамна семејната куќа им изгоре во пожар. „Зегин“ го донираше покривот за новата куќа, лекови, гардероба и пелени.
Во несреќата куќата изгоре целосно, но за среќа немаше повредени лица. Пожарот започнал во раните утрински часови, а најверојатно причината била поради проблеми во инсталацијата.
За да му се помогне на семејството, со изградба на нова куќа, активно е вклучен и градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски.