ТТК Банка АД Скопје донираше 8 компјутери со придружна опрема за децата од ОOУ „Киро Глигоров“ – Скопје. Во согласност со потребите на училиштето, компјутерите сe наменети за опремување на кабинетот по информатика. Донацијата е дел од стратегијата на Банката за спроведување општествено одговорни практики за доброто на заедницата.
„Информатичката технологија денес е од витално значење за образованието. Целта на оваа донација е да им овозможиме на децата соодветни услови за унапредување на дигиталните вештини. Веруваме дека ќе им помогнеме поефикасно да ги стекнуваат новите знаења онлајн, бидејќи образованието е процес што нема алтернатива. На овој начин Банката ја продолжува поддршката во развојот и едукацијата на децата и дава свој придонес за надминување на ограничувањата. – изјави претседателот на Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје проф. д-р Драгољуб Арсовски.
Благодарение на донираните компјутери, учениците ќе ја започнат следната учебна година подготвено, со функционален компјутерски кабинет. Директорката на ООУ „Киро Глигоров“ – Скопје се заблагодари на ТТК Банка АД Скопје за донацијата и за покажаната хуманост.
„Донацијата на ТТК Банка АД Скопје ќе овозможи непречена секојдневна работа. Учениците и наставничкиот кадар ќе можат квалитетно да ги реализираат секојдневните планирани дигитални содржини, да користат онлајн образовни материјали и алатки достапни на интернет. Освен во наставата, компјутерите ќе се користат и во сите воннаставни активности и проекти коишто се особено важни за афирмацијата на училиштето, на локалната заедница и на градот“ – изјави директорката на ООУ „Киро Глигоров“ Билјана Билбиловска.
ТТК Банка АД Скопје, во улога на општествено одговорна компанија, и во иднина ќе продолжи со активна поддршка на проекти за развој на заедницата.
ПР текст