Во акцијата собрани се околу 500 книги кои имаат за цел да го збогатат библиотечниот фонд во двете установи, а со тоа и да се подобри процесот на ресоцијализација на осудените лица кои издржуваат затворска казна, а со тоа и да се намали пеналниот рецидивизам во нашата држава. Донацијата ќе биде презентирана во кафе-бар Концепт – Скопје, во вторник (17 април) со почеток во 19 часот.
Здружението за пенална и постпенална помош на осудени лица и социјална адаптација, реинтеграција и рехабилитација на ранливи групи ПРОСОЦИЈАЛ од Скопје е формирано со цел да се понудат програми за заштита на лицата кои имаат потреба од помош при вклучување во општествената заедница, особено лица кои имаат проблеми по повторно вклучување во општеството по издржувањето на затворска казна.
Една од мерките кои ја опфати пренатрупаноста, но не и намалување на рецидвизмот беше законот за амнестија, но од повеќе стручни експертизи знаеме дека тоа е решение за краток период.