570
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во петокот беше награден со почесен црн појас во теквондо, со што го постигна највисокото ниво во оваа боречка вештина.
„Претседателот на ’Кукивон‘ (Светската теквондо академија со седиште во Јужна Кореја, з.п.), Ли Донг-суп на 19 ноември на Флорида му додели почесен сертификат на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп.
„Чест ми е што го добив сертификатот, мислам дека теквондото е прекрасна боречка вештина за самоодбрана. Би сакал да видам демонстрација на теквондо тимот на Кукивон,“ се вели во соопштението на страницата на Академијата.