ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во рамки на преговорите за излез од политичката криза совршено уиграно и си ја подаваат топката, еднаш едната се согласува со опозицискиот предлог, а другата одбива, па после обратно, смета ДОМ на пратеничката Лиле Поповска.
„На збор, власта прифаќа прочистување на избирачкиот список, а во пракса прави сѐ да биде тоа оневозможено. А што е тоа што го бара опозицијата, што власта го нарекува лудо? Бара да си веруваме на очите и на умот, па оние 40.000 имиња на гласачи кои не беа пронајдени за време на теренската проверка, да бидат избришани од списокот. Онака како што беше утврдено со методологијата за прочистување на списокот, прифатена од сите партии. Опозицијата направи отстапка и прифати дополнителна операција, на барање на владејачките партии, овие имиња да бидат јавно објавени, за да може некој што навистина постои, да се пријави во ДИК. Опозицијата, исто така бара оние 172.000 гласачи од дијаспората да бидат ставени на посебен список, за да не може некој да го злоупотреби нивниот идентитет овде, во земјата. Ако дојдат во Македонија, ќе гласаат овде, ако не, ќе гласаат таму кај што живеат, соопшти ДОМ.
И додека власта дрибла со избирачкиот список, се додава во соопштението, Македонија губи милиони.