Можноста за амнестија на сторителите на изборни криминали претставува закана за принципот на правда и дополнително ја намалува и онака веќе сериозно разнишаната доверба на граѓаните во судскиот систем реагираа од ДОМ.
– Уставниот суд со последната одлука „застана зад изборниот криминал во очи на новите избори. Застрашувачки е фактот дека не само што веќе осомничените или осудените за изборен криминал ќе можат да бидат амнестирани, туку се охрабруваат и злонамерните во иднина да вршат изборен криминал. Уште повеќе, оваа експресна постапка се спроведува во период кога се вложуваат максимални напори да се овозможат фер и демократски избори кои ќе водат кон разрешување на политичката криза. Можноста за амнестија на изборните криминалци е закана за мирното разрешување на кризата и ја турка Македонија во уште подлабока политичка, но и безбедносна криза – смета ДОМ.