Заев вети подобра иднина за младите

by Фокус 13:46
13:46

Зоран Заев, лидер на опозицискиот СДСМ, на синоќешната дебата во Штип истакна дека има решенија за проблемите на младите.

– Со мерките за отворање на нови работи места младите луѓе ќе добијат фер шанса за пристојна работа и повисока плата – вети Заев.

- Advertising -

Тој ја презентираше и мерката „Младинска гаранција” од Програмата на СДСМ, кадешто младите, по завршување на образованието веднаш ќе излезат на пазарот на трудот или државата ќе им помогне во продолжување на образованието.

– За младите ќе отвориме вистински перспективи и можности за самовработување. Во Штип ќе биде лоциран и еден од бизнис инкубаторите, каде што ќе се поддржат младите со 10 илјади евра неповратни средства, за сопствен бизнис и отворање нови работни места за младите – рече сдсмовскиот лидер.

Поврзани новости