Лидерите на ДОМ и ЛДП, Лилјана Поповска и Горан Милевски на средба во Битола разговараа за хаосот во Избирачкиот список и се согласија дека само со кредибилен список може да се одржат кредибилни избори.
Во партиското соопштение се вели дека тие изразиле загриженост „поради ноншалантноста на ДИК со која тврди дека за 7 дена ќе ги провери спорните гласачи, иако нема согласност колку изнесуваат – дали се 340.000, 230.000 или 80.000?“.
– Се согласија дека со непречистен Избирачки список и нерегулирани медиуми не се создадени елементарните услови за фер и демократски избори во јуни. И ДОМ и ЛДП имаат изградено јасен став дека за целосна демократизација на земјата ќе биде потребна промена на изборниот модел во една изборна единица со отворени листи – се наведува во соопштението.