ДОМ повторно бара Владата да прогласи вонредна сосотјба поради загадувањето од утре до крајот на февруари.
– Бараме итни мерки во градовите за да не дишеме отров! Тоа се: „Зелена“ зона за пешаци и велосипедисти во центарот, забрана за возила под 4 ЕУ стандард во градскиот сообраќај, воведување пар-непар, повеќе автобуси во јавниот превоз, јавен превоз во градови каде што го нема, затворање на градилиштата, миење на улиците со вода, субвенции за печки со целосно согорување и квалитетни горива за домаќинствата, строга контрола на индустриските постројки, посебно на горивата, редовно собирање на отпадот. Ова се итни мерки што се прават со скромен буџет, а можат брзо да дадат резултат. Владата не смее да се оглушува на протестите и барањата на граѓаните, зашто тие се борат и за нивните деца – велат од ДОМ.
ДОМ ќе го поддржи утрешниот граѓански протест и повикува на поголема излезност