Од партијата за Демократска обнова на Македонија сметаат дека со бришењето на спорните записи од листата на ДИК нема целосно да се прочисти Избирачкиот список, но веруваат дека ќе се зголеми довербата на граѓаните. Од ДОМ истовремено додаваат дека тие 30 илјади спорни гласачи кои не се пријавија, биле доказ дека Избирачкио список има фантоми.
-Новата власт по изборите ќе мора да покаже политичка волја и професионалност и да ја доврши работата со прочистувањето на Избирaчкиот список. Потсетуваме дека првично ДИК со консензус оцени дека има 330.000 спорни гласачи на списокот- стои во соопштението на ДОМ.
Од ДОМ се сомневаат дека во листата со спорни гласачи власта намерно ставила луѓе кои по ниедна основа не се спорни, со цел да се исмее потребата за прочистување на списокот и тврдењето на опозицијата дека има “фантомски” гласачи.