СДСМ: Во 21 век низ Македонија има населби без водовод и канализација

by fokus

Од опозицискиот СДСМ денеска повторно ја повикаа владата да престане со неразумните трошења на државните пари. Од партијата обвинуваат дека власта ги задолжува граѓаните со огромни кредитите за патна инфраструктура, додека се трошат милиони за споменици, тркала и барокни фасади.

-Доцна е сега за Никола Груевси лажно да ветува инвестиции во патната инфраструктура. Во 21 век, после 10 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ, населените места ширум Македонија се уште немаат пат, канализација, водовод, одвод – се вели во соопштението на СДСМ.

Од СДСМ бараат под итно да се сопре изградбата на Панорамското тркало и „Рајската градинa” и парите да се пренаменат за граѓаните погодени од поплавите, но и за инвестиции во патната инфраструктура.

Поврзани новости