Владата да прогласи вонредна состојба поради екстремното загадување, побара денеска ДОМ.
Портпаролката на партијата, Маја Морачанин, вели дека изминатите неколку години јавно предлагале краткорочни и долгорочни мерки за справување со загадувањето, кои иако влегле во законска регулатива и во програмските документи на институциите, недостасувала волја за нивно доследно спроведување.
„Во услови на 20 пати повисока од дозволената концентрација на ПМ 10 честичките, ДОМ инсистира на следните мерки воведување пар-непар, бесплатен јавен превоз, повеќе автобуси во јавниот превоз и јавен превоз во градови каде што го нема, воведување евтина дневна тарифа за струја на домаќинствата, затворање на градилиштата, зелена зона за пешаци и велосипедисти во центарот, забрана за движење на возила под еуро 4 стандард во градскиот сообраќај, субвенции за печки со целосно согорување и квалитетни горива во домаќинствата, редовно миење на улиците со калциум магнезиум ацетат, строга контрола на индустриските објекти, особено ноќе и за време на викенд и редовно собирање на отпадот“, рече Морачанин.