ДОМ бара повлекување на државниот испит и предлага формирање министерство

by Фокус

ДОМ предлага повлекување на Законот за високо образование, формирање Министерство за високо образование и наука и подготовка на нов закон донесен по сериозни анализи и дебати низ екстензивна процедура- стои во партиското соопштение.

Оваа мала партија, која е дел од власта не се согласува со концептот што настојува да го воведе Владата, како контролен механизам на знаењето на студентите.

„ Жалиме што ова прашање не се изменаџира соодветно низ дијалог, ами се оттурна надвор на улица. Ако на 8- ми јануари сепак се одржи закажаната амандманска расправа во матичната комисија, пратеничката Лилјана Поповска ќе образложи 15 амандмани, за да се отстранат најпроблематичните делови. Ангажирањето странски државјани за ректори, декани и членови на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование проблематично е од правен аспект, но и поради воведување други јазици како официјални за комуникација на универзитетите. заедно со влијание на други држави во образовниот процес на највисоко ниво. Предложениот државен испит нема да го подобри квалитетот, а ќе ги оптовари студентите и врз нивни плеќи ќе се прекршат сите недостатоци на образовниот процес од основно до високо образование. Згора на ова, можно е да ни се случи несакано пренасочување на наши студенти кон други соседни земји, кои немаат државен испит. Посебно важно е да се избрише одредбата со која е предвидено снимање на студентите за време на полагањето државен испит“- се наведува во соопштението на ДОМ.

На крајот партијата предлага и измени во деловите од законот кои ги опфаќаат научните трудови, односно условите за нивно издавање кои имаат нееднаков третман кон некои науки.

Поврзани новости