356
ДОМ бара од надлежните институции во земјава итно да ја решат хуманитарната катастрофа во бегалскиот камп Табановце, каде се затечени над 1.000 бегалци по затворањето на балканските и европските граници.
– Мора да им се помогне и на илјадниците бегалци затечени во тампон-зоната меѓу Грција и Македонија, преку заедничка солидарна помош од двете земји, зашто за луѓе се работи – порачуваат од партијата.
ДОМ истовремено бара одговор од Владата дали се точни шпекулациите што се појавија во јавноста дека се побарани гумени куршуми и слични „средства за одбрана“ на границите од австриската влада и истакнува дека е против примена на вакви нехумани методи против луѓе кои бегаат за да спасат гол живот.