Рецензентските комисии едногласно бараа тројцата професори да бидеме избрани во повисоко звање, затоа што ги исполнуваме сите законски критериуми. Тоа може да се види од извештајот објавен во билтенот на Штипскиот универзитет, со што се расчистуваат сите дилеми, дали требало да бидеме избрани за вонредни професори, велат професорите што штрајкуваат со глад веќе дваесетина дена.
– Она што е уште позначајно е што на една од рецензиите се потпишал и деканот на факултетот Ристо Фотов, а потоа, без објаснување гласал против. На другата од рецензиите пак, се потпишале професори дел од наставничкито совет, кои подоцна исто така, следејќи го деканот, гласале против изборот на професорите. На следните документи се заклучоците на комисиите и потписите на рецензентите – велат тие.
На следните линкови, пак се наоѓаат комплетните извештаи кои на својот сајт, со одобрение од ректорската управа ги објавува УГД Штип.
За Доц.д-р Александар Костадиновски
За Доц.д-р Маргарита Матлиевска
За Доц.д-р Крсте Шајноски
– Оттаму е нејасно зошто ректорот бара да ги објавиме документите, кога сите тие се наоѓаат токму во неговата архива, и од нив може да се забележи дека токму професорите на економски факултет и деканот лично првично ги поддржале професорите за избор во повисоко звање. Што се случило во меѓувреме останува мистерија, која може да ја расчисти веднаш, само ако сака, ректорот Саша Митрев, како што е нејасно и зошто УГД Штип не постапи по решението на Државниот просветен инспекторат, да спроведе веднаш ново гласање и да ги избере професорите?! – велат професорите коишто веќе дваесетина дена штрајкуваат со глад.