Докторот Ристо Симеонов нов член на ИК на ВМРО

by Фокус

Специјалистот по детска хирургија Ристо Симеонов треба да биде еден од новите членови на проширениот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, дознава Фокус.

Како што веќе објавивме, партискиот лидер Христијан Мицкоски на вечерашниот Централен комитет ќе ги предложи градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски и поранешната дополнителна заменичка-министерка за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска за нови потпретседатели на партијата, покрај Александар Николоски и Владо Мисајловски.

Исто така, Мицкоски треба да предложи нов состав на Извршниот комитет, каде едно од новите имиња ќе биде докторот Симеонов.

В.С.

Поврзани новости