Муцунски и Кочоска нови потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ

by Фокус 16:37
16:37

Градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски и поранешната дополнителна заменичка-министерка за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска ќе бидат двајцата нови потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ, покрај Александар Николоски и Владо Мисајловски.

Како што вели за Фокус висок партиски функционер, тие треба да бидат предлозите на партискиот лидер Христијан Мицкоски до партискиот Централен комитет, кој вечерва треба да избира и нов состав на Извршниот комитет.

Инаку, во проширениот состав на ИО ќе се најдат дел од актуелните кадри, но и нови непартиски лица.

В.С.

Поврзани новости