Докторот Докиќ ќе ја добие државната награда „Климент Охридски“, заедно со Паљоска, Башевски, Илкова и Томовска

by Фокус

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе биде доделена државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2019 година за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на државата.

Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ соопшти дека за остварување во областа на воспитанието и образованието наградата му се доделува на албанологот Агим Паљоска.

Наградата за остварување во областа на културата и уметноста, пак, им се доделува на писателот Димитар Башевски, на оперската пејачка Весна Ѓиновска-Илкова и естрадниот уметник Виолета Томовска.

Што се однесува до наградата за остварување во областа на здравството, таа ќе му биде доделена на Дејан Докиќ, пулмолог-алерголог.

Поврзани новости