Докторката на Трајковски го убеди судот дека е болен, “ТНТ” повторно одложено

by fokus

Невропсихијатарот Викторија Вујовиќ, зад затворена врата, на денешното судење за “ТНТ” ја образложи здравствената состојба на обвинетиот Тони Трајковски, бидејќи таа му дала боледување.

Јавноста не може да го следи произнесувањето на докторката, поради зачувување на приватноста на нејзиниот пациент.

Трајковски не се појави на судењето, а неговиот адвокат Јовица Страшевски истакна дека добил известување дека на 15 јанари, по последното рочиште, бил на лекар и има известување дека не смее да присуствува на рочиште за подобрување на здравствена состојба.

-По кажување на докторот станува збор за кратко боледување  од десетина дена, рече судијата Огнен Ставрев.

Наредното рочиште се одложува за 6 февруари.

Судењето за “ТНТ” се однесува на рушењето на објектот Космос на бизнисменот Фијат Цановски.

В.В.

 

Поврзани новости