572
Докторка пријавила сомнеж за извршен полов напад врз шестгодишно дете во Тиквешко, дознава МИА. Заради заштита на детето, од МИА потенцираат дека нема да објават за која општина станува збор. Од МВР го потврдиле случајот за агенцијата.
-Вчера, докторка од приватна здравствена ординација пријавила дека на преглед кај неа било донесено дете на шестгодишна возраст, за кое се сомнева дека врз него има извршено полов напад, стои во одговорот кој го добила МИА.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.