421
Лекарите од скопскиот Клинички центар денеска се собраа во кругот на клиниките за да изразат протест и револт против односот кон лекарите, откако пред неколку дена беше застрелан нивниот колега, абдоменалниот хирург Љумобир Огненовиќ, од страна не незадоволен пациент.
Воедно, тие исказаа револт од лошите политики во здравството и побараа морална одговорност од министерот за здравство Никола Тодоров, кој не си поднесува оставка иако тоа во континуитет го бара и опозицијата.
Инаку, поради нападот врз Огненовиќ во скопските клини не се изведуваат никакви оперативни зафати, освен ако не се работи за итни случаи.