Докторатот на Груевски напишан на 313 страници, ментор му бил Михаил Петковски, кој му беше советник во кабинетот

by Fokus

На 313 страници, според информации на „Независен весник“, го напишал поранешниот премиер Никола Груевски својот докторски труд, што треба да го брани на 6 јули.

Груевски го пријавил докторатот пред четири-пет години, што значи додека бил сѐ уште на премиерската функција, а кога неговиот ментор, професорот Михаил Петковски, му беше советник по економија во кабинетот.

Докторатот на Груевски е на тема „Економските ефекти на различните видови меѓународни текови на капитал, со посебен осврт на Република Македонија“.

Поврзани новости