718
Доктор Кристијан Богданоски, вработен во службата за Итна медицинска помош од Македонски Брод даруваше крвна плазма, информира министерот за здравство Венко Филипче на својот официјален фејсбук профил.
„Еве пример што значи солидарност и хуманост. Д-р Богданоски е еден од здравствените работници кои ја добија битката со вирусот Ковид-19 и самоиницијативно се пријави за донација. Со донација на плазма спасуваме човечки живот! Ако сте го прележале вирусот, контактирајте го центарот за Трансфузиологја и проверете дали може да сте следниот донор кој ќе направи добро дело – напиша Филипче.