767
Почетокот на пандемијата на коронавирусот во нашата земја е благ, но не може да се кажат точни проекции каква ќе биде динамиката во периодот што следува, рече во своето гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, епидемиологот Владимир Микиќ, од Институтот за јавно здравје.
Како што кажа тој, очекувањата се дека со порастот на дневните температури активноста на вирусот би требало да се намалува, како што е случај и со останатите причинители на белодробни инфекции, но нагласи дека станува збор за нов вирус и комплетната слика ќе се добие во периодот што следи.
Гостинот апелираше да се внимава на мерките за лична хигиена и на социјалното растојание помеѓу луѓето.