956
Доктор Сашко Јовев кој беше лидер на тимот доктори кои ја направија првата трансплантација на срце, во гостувањето на ТВ 24 раскажа какви се реакциите на пациентот Иван, кој го доби донираното срце.
„Неговата реакција беше мошне симпатична. Иван се разбуди сосема свесен, со солзи на очите. Комуникацијата беше дека треба да ги следи нашите упатства како да се однесува сега. Целата оваа ситуација тој ја прифати многу свесно“, рече Јовев.