Панчев: Голема грешка направив што не го прифатив повикот на Фергусон во Манчестер јунајтед!

by Fokus

Најдобриот македонски фудбалер, Дарко Панчев во интервју за „Патот до успехот“ говореше за неговата фудбалска кариера и годините поминати во италијанскиот гигант Интер.

„И јас имав своја вина во моето неиграње во Интер. Сметав дека не сум дојден таму за да се докажувам, се карав со нив. Имав понуда од Реал Мадрид. Двапати доаѓаа во Белград со приватен авион, да разговараат со мене и со Звезда. Фергусон од Манчестер јунајтед ме бараше, тие пратија факс во Интер. Грешка ми беше тоа. Но ме фати инает затоа што сакав да докажам дека вредам“, рече Панчев.

Поврзани новости