Пулмологот Дејан Докиќ во денешното интервју на ТВ 24 го објасни процесот на влегување на корона вирусот во човековиот организам. Нагласи дека најголем проблем се асимптоматските преносители.
-Кога некој ќе инхалира Сарс Ковид 2, во првите 24-48 часа не е заразен за околината, зашто вирусот треба да стигне прво до телесните течности. Подоцна вирусот се размножува во организмот, но не предизвикува клиничка слика, период на инкубација. Ако во тек на 14 дена, не покаже симптоми или не е заразен или е асимптоматски преносител. 20 до 30 посто, нема да развијат симптоми и тие се најголем проблем, бидејќи без да знаат, го шират вирусот. Затоа е социјалната дистанца. Потоа, еден дел ќе поминат со лесни симптоми, како лесна настинка, која ќе ја поминат со чаеви. Полесните кличнички слики може да бидат со лесно покачена температура или без покачена температура.
Но, поголем дел од пациeнтите ќе имаат потешка клиничка слика, слична на грип. Почнува со јака болка во грлото, а потоа и зацрвените очи. Отежнатото дишење е знак дека пациентот почнува да развива пневномија. Најтешката форма е кога пациентот ќе развие акутен респираторен синдром, што најчесто е смртоносно, рече Докиќ.