952
Доктор Дејан Докиќ во гостувањето во Утрински брифинг апелираше дека македонскиот здравствен систем треба да се подготви за грижа на поголем број на пациенти.
„Тешко е да се прогнозира, бидејќи сите бранови ако ги анализирате имаа еден првичен нагол скок, па лесно паѓање, па повторно уште еден пик, како двогрба камила, но тешко е да предвидиме каде се наоѓаме во овој момент. Сите математички прогнози не секогаш излегуваат во реалноста. Треба да бидеме претпазливи и да се спремиме за уште поголем број на пациенти. Претпазливоста е најдобра и треба да се спремиме за уште полоши сценарија, за да не бидеме изненадени“, додава Докиќ.