Докторот и специјалист по невропсихијатрија, Методи Чепреганов во вечерашното гостување на ТВ 24 рече дека на коронавирсуот му се дало многу големо внимание и тој станал пролонгирана стресовна состојба.
-Епидемии имало и ќе има. Приодот кон тие епидемии е, од моја гледна точка, е од психолошка гледна точка. Сега му се даде многу големо внимание и стана една пролонгирaна стресовна состојба. Многу е битно на тој стрес како ќе одреагираме. Мислам дека мојата не делува смирувачки. Стресот е состојба која не можеме да кажеме дека ќе бидеме индиференти. Има два типа: реален и нереален. Ќе се исплашиш секако, ама треба да најдеш начин како тоа да го надминеш. Проблемот постои, и каква ќе биде мојата реакција зависи од психо-профилот на личноста, вели доктор Чепреганов.