ВИДЕО Ескалираа протестите во Црна Гора, нападната ќерката на премиерот Кривокапиќ

by Фокус

Ескалираа протестите во Црна Гора. Премиерот Здравко Кривокапиќ тврди дека неговата ќерка била нападната од група демонстранти на патот Никшиќ-Подгорица.

-Денес беше нападнато службеното возило во кое беше нападната мојата ќерка, инаку заштитено лице. Како татко, нема да ги заборавам нејзините солзи и страв. Како премиер, нема да ви дозволам дивјаштво и беззаконие – порача црногорскиот премиер.

Инцидентот се случи во пресрет на закажаниот протест пред владата против најавените промени на критериумите за стекнување црногорско државјанство и измените на Законот за престој.

Поврзани новости