Доказите за смртта на малата Тамара распослани на 10.000 страници

by fokus

По втор пат, во Кривичниот суд, не успеа обидот да започне судењето за смртта на малата Тамара, која во 2015 година почина додека чекаше средства за операција во странство.

За нејзината смрт, односно за несовесно работење во службата, обвинети се 12 лица, повеќето лекари,  а на денешното рочиште не присуствуваше Александар Стојановиќ,  за кој судијат Марин Станевски  истакна дека не примил уредна покана.

За овој предмет материјалните докази се распослани на 10.000 страници, поради што судијата ги замоли адвокатите самите да се снајдат и да си ги ископираат доказите бидејќи во судот имало еден фотокопир па не можеле да постигнат.

Во судница денес присуствуваа обвинетите Аспазија Софијанова,  како член на второстепената комисија, поранешните директори на Фондот за здравство, Маја Парнаџиева -Змејковска и Џемаиали Мехазуии, како и членовите на првостепената комисија Владимир Поповски, Александар Чапароски, Лилјана Тозија, Нааталија Долненец- Банева и Никола Граматиковски, како и членовите на второстепената комисија Шабан Мемети, Ристе Симеонови Елена Трпковска.

Наредното рочиште е закажано за 17 септември.

В.В.

Поврзани новости