Неготинскиот градоначалник Делков синоќа доживеал сообраќајка

by fokus

Градоначалникот на Неготино, Тони Делков синоќа доживеал сообраќајна незгода, кога во неговиот автомобил удрил мотоцикл.

Настанот се случил во 20.40 часот, на исклучок од автопатот за Неготино, кога во патничкиот автомобил Пасат удрил мотоцикл Сузуки, управуван од К.Ч. (22).

Автомобилот на градоначалникот пак, бил управуван од неговиот шофер Р.С. (45), додека Делков бил сопатник.

Настанот за „Фокус“ го потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

-При сообраќајната незгода е причинета само материјална штета и нема повредени. Настанот е пријавен во полиција – ни изјави портпаролот.

В.К.

Поврзани новости