418
Дојави за поставени експлозивни направи има во осум кумановски училишта. На електронските адреси на осум училишта во Куманово е пријавено дека е упатена закана за поставена експлозивна направа во училиштата, соопшти СВР Куманово.
– Веднаш по добиените пријави од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, соопштија од СВР Куманово.