Дојави за бомби во неколку училишта во Белград

by fokus

Дојави за поставени бомби добија бројни училишта во Белград во соседна Србија, а нивниот број се зголемува од минута во минута.

Содржината на мајлот за постоење бомби е следна:

„Чудно чувство на смиреност како да чекаме нормален ден, иста рутина како и секогаш. Се мразиме себеси, но сакаме да го повредиме секој што ќе ни се најде на патот. Чувството дека сѐ околу себе е само сон нас не напушта. не гледаме причина да пишуваме нешто друго. На крај, може да кажеме дека не сме први и далеку од последни. Ќе ве убиваат со автомобили, со бомби, со ножеви, со сѐ што може да ви дојде под рака. Олош како нас ќе уништи сѐ пред себе, затоа што светот е гнил, сите сте изгниени однатре.

Мејлот е напишан на кирилица и насловен: „На територија на училиштата поставена е огромна количина експлозив“.

Известени се надлежните служби и претстои претрес на специјализираните екипи.

Во ОУ „Владимир Роловиќ“ на Видиковац стигна дојава за бомба, пишува „Новости“. Исто така, родителите чии деца одат во ОУ „Иво Андриќ“ на Канарево Брдо добиле порака да не ги пуштаат децата во училиште затоа што стигнала дојава за бомба, јавуваат белградските медиуми.

Како што се дознава, дојава за бомба стигнала и во училиштето „Дринка Павловиќ“. Родителите се известени да не ги носат децата во училиште поради можни експлозии, сѐ додека полицијата не ја заврши безбедносната проверка.

Дојави стигналеи за чилиштата „Крал Петар Втори Караџорџевиќ“, „Ѓура Јакшиќ“, „Данило Киш3, „Свети Сава“, „Дринка Павловиќ“ „Соња Маринковиќ“, како и во „Јосиф Панчиќ“. РТС јавува дека вакви дојави добиле и неколку училишта во Нов белград и во Земун.

Наставата не почна, а децата кои пристигнуваат се врќаат дома.

Како што дознава Б92, и во средното балетско училиште стигнало слично известување.

Според репортерите и децата од неколку други училишта се вратени дома.

„Децата стојат во дворот и пред училиштата, поради дојава“, велат граѓани.

Пораката за родителите стигнала во 7 часот утрово.

Според повеќе белградски основни училишта, дојава за бомби има и во третата и Петтата гимназија, како и во Првото економско училиште.

Поврзани новости