402
Покрај на адресите на повеќе институции, судови, музеи, трговски центи и објекти во Скопје, меѓу кои и на претседателската вила на Водно, утрово, стигнале закани за подметнати експлозивни направи и до 11 скопски училишта.
-Добиена е пријава за упатена закана и од 11 училишта во Скопје. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, наведуваат од МВР.