Дојавата за бомба во Судот во Охрид лажна, вработените вратени на работните места

by Fokus

Лажна била дојавата за поставена бомба во зградата на Основниот суд во Охрид.

По извршените проверки на објектот, вработените во Судот се вратени на своите работни места.

Инаку, дојавата била извршена утрово во 7.50 часот до полицијата во Охрид, од страна на Судот до која била доставена електронска порака од непознато лице.

Веднаш потоа беа спроведени активности за обезбедување на објектот, вработените од Судот беа евакуирани, а улицата пред зградата затворена за сообраќај и минувачи.

Ова е прва дојава за бомба во Основниот суд во Охрид. Пред извесно време лажна дојава за бомба имаше во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.

Поврзани новости