392
Добиени се анонимни дојави за поставени бомби на повеќе локации во Белград, пренесува РТС.
Екипи на српската полиција утврдиле дека дојавите за поставени бомби на аеродромот „Никола Тесла“, во црквата Свети Марко, обложувалницата „Меридијан“ во Бањица, редакцијата на Курир и во Студентскиот дом, биле лажни.
Се проверуаат другите локации, за кои има дојави за поставени бомби.