589
Во ОУ „Блаже Конески, во скопската населба Аеродром, пред малку имало дојава за бомба, поради што учениците веднаш ги напуштиле училниците, а како што не информираат дел од загрижените родители, на децата им било кажано да си одат дома и дека втора смена нема да има.
Според информации на „Фокус“, околу училиштето врие од полиција, а од СВР Скопје ни одговорија да се јавиме подоцна, бидејќи и тие ја проверуваат информацијата.