366
Дојавата за бомба ги затвори бугарското обвинителство, јавија софиски медиуми. Утрово околу осум часот по локално време на мејлот на Јавното обвинителство на Бугарија е испратена порака во која се тврди дека има бомба во обвинителството.
Поради тоа беше неопходно затворање на Судската палата, во која заедно со судот се сместени и раководството на државното обвинителство и градското обвинителство на Софија. Во моментот полицијата врши проверки.
Се проверува и зградата на Окружниот суд во Софија каде што се наоѓа Окружното обвинителство на Софија, како и други простории на државното обвинителство.