Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган утре ќе се сретнат во Сочи, а освен билатерални прашања, главна тема на разговор ќе биде и договорот за извоз на жито од пристаништата на Црното Море.
Анкара ги интензивираше своите напори во последниве недели да го обнови коридорот за жито за да помогне во олеснувањето на глобалната криза со храна.
– Тука играме водечка улога. Гледаме силна поддршка од целиот свет за спроведување на коридорот за жито, изјави советникот за надворешна политика на Ердоган, Акиф Чагатај Килиќ.
Како што рече, Анкара ги признала техничките компликации околу договорот, особено во однос на руското жито и механизмите за плаќање, пренесува Ројтерс.
– Ние сме резервирани, но се надеваме дека ќе постигнеме успех бидејќи оваа ситуација го погодува целиот свет – рече Килиќ.
Русија и Украина се главните извозници на жито.