427
Лидерот на ДУИ Али Ахмети оцени дека договорот меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти е значајна и долго очекувана вест која, според него, придонесува за мирот во регионот.
-Страните ја изразија долго очекуваната јавна согласност околу имплементациониот план за нормализација на меѓусебните односи, што е одлична и долгоочекувана вест која придонесува кон мирот, стабилноста и безбедноста во регионот – истакна Ахмети.
Според него, дијалогот Белград-Приштина ги надминува билатералните димензии и „неговата успешна имплементација со епилог обострано признавање ја одредува европската ориентација на регионот и единството на Косово“.