Договорен датум за видео-конференција Путин-Бајден

by fokus

Помошникот на рускиот претседател Владимир Путин изјави дека видеоразговорот со американскиот претседател Џозеф Бајден ќе се одржи по патувањето на рускиот лидер во Индија, планирано за следната недела.

Јуриј Ушаков не прецизираше кога точно ќе се одржи видеоповикот меѓу двајцата претседатели, велејќи дека сè уште се работи на последните детали за разговорите.

– Состанокот ќе се одржи за неколку дена. Веќе имаме конкретен датум и време за видеоконференцијата. Но, подобро е да се почека сите подготовки да бидат целосно договорени со американската страна. Тогаш ќе имаме можност да излеземе со официјално соопштение, рече Ушаков.

Двајцата лидери треба да разговараат за напредокот во спроведувањето на договорите кои ги постигнаа во Женева во јуни, за „незадоволителните“ билатерални врски, „Авганистан, Иран, Либија, кризата во Украина и дијалогот за стратешка стабилност“.

Поврзани новости