Додовска: Го прифаќам разрешувањето од Пендаровски, датум за преговори за милион години!

by fokus

Откако претседателот Стево Пендаровски побара разрешување на професорката Иванка Додовска која беше претставник во Националниот совет за евроинтеграции на претходниот Кабинет, со свој став се изнесе и самата Додовска, која порача дека со задоволство ќе ја напушти функцијата.

„Секако дека бара и секако дека со задоволство му ја препуштам плодната работа во Националниот совет за ЕУ на Сашко. Со среќа нека е препораката за… па добро, препораката да има препорака дека за милион години ќе добиеме датум. За 27 Април, стојам зад секој збор и верувам дека конечно Рускоска ќе ги најде организаторите и дека ќе има правда, ако не сега, тогаш кога ќе ги вратиме институциите на системот во нормала. Времето е најсилниот адут за жртвените јагниња кои ги пеплосавте за гнасна цел. Да живее Република Македонија, право и правда за сите македонски граѓани!“, истакна Додовска.

Поврзани новости