Додик по средбата со Путин: РС нема да биде оставена сама

by Фокус

Претседателот на ентитетот Република Српска Милорад Додик денеска одржа прес-конференција на која зборуваше за неговата посета на Русија, фалејќи се дека со претседателот на Русија Владимир Путин разговарал повеќе од еден час.

-Разговаравме на различни теми. Имав можност да го запознаам Путин со декадентното однесување на Западот – рече Додик.

Тој додаде дека со Путин разговарал и за тоа како Русија ќе се однесува во однос на можноста високиот претставник Кристијан Шмит да му наметне одредени решенија на овој ентитет во однос на државниот имот.

Додик истакна дека во случај Шмит да наложи одлука за државниот имот на РС, истиот ден ќе одржи седница на Националното собрание и ќе донесе одлука за идниот статус на Република Српска.

-Реков дека тоа е ѕид за нас. Постојат два правци – едниот е да исчезнеме и да престанеме да постоиме, а другиот е да ја зачуваме нашата независност. Морам да кажам дека одговорот што го добив е навистина охрабрувачки. Путин ја разбира ситуацијата и РС нема да биде оставена сама – нагласи Додик.

Поврзани новости