595
Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, изјави дека посакува Република Српска да стане самостојна.
-Бошњаците можат да сонуваат што сакаат и тоа не е забрането. Меѓутоа, посакувам Република Српска да биде самостојна, што е многу реално. Верувам во реалноста која се вика Република Српска, а не верувам во имагинацијата наречена БиХ – рече Додик.
Тој додаде дека очекува САД и Европа заеднички да извршат дополнителен притисок врз БиХ, но воедно посочи дека ниедна одлука нема да може да биде донесена без локалните структури и легитимните претставници на народот.