533
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, го одликуваше претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, со Орден на Република Српска.
-Путин е одговорен за развивање и зајакнување на соработката и политичките и пријателски односи меѓу Република Српска и Русија. Има заслуги во областа на јавните дејности кои придонесуваат за севкупниот и заеднички политички, економски, социјален и економски раст и развој – рече Додик во Бања Лука.
Орденот ќе биде врачен наскоро, односно на првата средба меѓу Додик и Путин.