514
Сеад Кочан е на службен пат, а не во бегство, се огласи неговиот адвокат Никола Додевски. Во изјава за ТВ24, тој не кажа каде е Кочан, само рече дека заминал пред да биде донесено решението за притвор, а истото веќе било обжалено.
-Целосни невистини се шпекулациите дека осомничениот се дал во бегство од едноставна причина што нема бегство доколку во периодот кога лицето веќе се наоѓа на службен пат се донесе Решение за притвор. Токму таков е конкретниот случај – вели Додевски.
Во меѓувреме, МВР распиша меѓународна потерница за бизнисменот, кој СЈО го сомничи дека со фалсификувани документи добил тендер од ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра.